• сабота, 23 ноември 2024

Нетанјаху: Посветен сум на рамковниот договор за прекин на огнот во Газа

Нетанјаху: Посветен сум на рамковниот договор за прекин на огнот во Газа

Ерусалим, 11 јули 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека останува посветен на преговарачката рамка за прекин на огнот во Газа и ја обвини палестинската исламистичка група Хамас дека поставува барања што се во спротивност со неа.

„Посветен сум на рамковниот договор за ослободување на нашите заложници, но убијците од Хамас се држат до барањата кои се во спротивност со рамката, кои го загрозуваат Израел“, рече Нетанјаху.

Тој вети дека Израел ќе ја продолжи војната против Хамас додека не ги постигне сите цели, објави „Тајмс оф Израел“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан