• понеделник, 23 декември 2024

Нетанјаху: Нема прекин на огнот, ниту гориво за Газа, доколку Хамас не ги ослободи заложниците

Нетанјаху: Нема прекин на огнот, ниту гориво за Газа, доколку Хамас не ги ослободи заложниците

Тел Авив, 7 ноември 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека нема да има прекин на огнот и нема да се дозволи доставување гориво во Појасот Газа доколку Хамас не ги ослободи заложниците.

„Нема влез за гориво, ниту за (палестинските) работници во Израел, ниту прекин на огнот без ослободување на нашите заложници“, нагласи Нетанјаху вечерва обраќајќи им се на Израелците.

Израелската армија континуирано го бомбардира Појасот Газа како одговор на ненадејните напади на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.

Недостигот на гориво, поради забраната за испорака од почетокот на опсадата, доведе до затворање на основните служби, вклучително и болниците.

И портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел Хагари рече дека нема да има прекин на огнот бидејќи продолжува копнената офанзива во Појасот Газа.

Тој рече дека војската погодила 14.000 цели во Газа, уништила повеќе од 100 влезови во тунели и запленила 4.000 парчиња оружје, вклучително и ракети скриени во цивилната инфраструктура. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан