Нетанјаху и Херцог го поздравија враќањето на четирите Израелки од заробеништво на Хамас
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави како „многу среќен момент“ враќањето во Израел на четирите жени војници заробени од палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година, а потоа ослободени во замена за околу 200 палестински затвореници.
Ерусалим, 25 јануари 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави како „многу среќен момент“ враќањето во Израел на четирите жени војници заробени од палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година, а потоа ослободени во замена за околу 200 палестински затвореници.
„Ова е многу среќен момент што го чекавме долго време“, им рекол Нетанјаху во телефонски разговор на родителите на една од четирите млади жени, Лири Албаг, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
И израелскиот претседател Јицак Херцог го поздрави нивното враќање во Израел, јави ДПА.
„Даниела, Лири, Наама и Карина - вие сте херои! Добродојдовте дома. Гледавме како се смеете и плачевме. Целата земја плаче и се радува со вас во овој момент“, додаде претседателот.
Тој ги изрази своите желби младите жени да најдат сила, како и љубов и поддршка од оние околу нив, додека се прилагодуваат по 477 дена поминати во заробеништво во Појасот Газа. рп/
Фото: МИА архива