• сабота, 23 ноември 2024

Нетанјаху им понуди на членовите на опозицијата да му се придружат во вонредната влада

Нетанјаху им понуди на членовите на опозицијата да му се придружат во вонредната влада

Тел Авив, 7 октомври 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им предложи денеска на опозициските партии Јеш Атид (Има иднина) и Националната унија да влезат во вонредна влада по ненадејниот разорен напад на Хамас врз јужниот и централниот дел на земјата.

Според израелските медиуми, Нетанјаху тоа го предложил на средба со лидерите на тие партии - Јаир Лапид, поранешен премиер и Бени Ганц, поранешен министер за одбрана и началник на Генералштабот.

Нетанјаху нагласил дека таква влада ќе биде во ист формат како владата на премиерот Леви Ешкол, на која и се приклучи лидерот на опозицијата Менахем Бегин пред Шестдневната војна во 1967 година. зш/

Остани поврзан