• петок, 05 декември 2025

Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат

Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат

Тел Авив, 8 септември 2025 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат, неколку часа откако Израел објави дека ќе започне масовни воздушни напади врз Појасот Газа.

„Им се обраќам на жителите на (Газа) - ја користам оваа можност и внимателно слушајте: Предупредени сте - веднаш напуштете го (градот)“, рече премиерот.

Нетанјаху додаде дека израелските сили во моментов се организираат за копнени „маневри“ во Газа. зш/

Остани поврзан