• петок, 05 декември 2025

Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени

Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени

Истанбул, 15 јуни 2025 (МИА) – Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.

Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.

Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан