• петок, 05 декември 2025

Нерешено во Лимасол и минимална победа за Копенхаген во Лигата на шампионите

Нерешено во Лимасол и минимална победа за Копенхаген во Лигата на шампионите

Лимасол/Копенхаген, 26.ноември 2025 (МИА) – Првите два натпревара од вечерашната програма од 5.коло од Лигата на шампионите донесоа ефикасен фудбал. Во Лимасол Пафос и Монако одиграа нерешено 2:2, додека Копенхгаен ја постигна првата победа во дуелот против Каират со 3:2.

На дуелот во Лимасол првакот на Кипар Пафос успеа да го освои и шестиот бод откако во финишот од дуелот со голот на Иван Шуњиќ (88.минута) дојде до изедначување 2:2. Монако поведе на стартот од дуелот преку Такуми Минамино во 5.минута, а на 1:1 изедначи Давид Луиз во 18.минута. Со голот на Фоларин Балогун Монако водеше со 2:1, но домашниот тим стигна до нерешен резултат.

Данската екипа Копенхаген со головите на Виктор Даџани (16.минута), Џордан Ларсон (59.минута – пенал) и Роберт (73.минута) поведе со 3:0, а гостите Каират го ублажија поразот со головите на Дастан Сатпајев (81.минута) и Олзас Баибек (90.минута).

Во терминот од 21 часот се играат дуелите: Арсенал – Баерн, Атлетико Мадрид – Интер, Ајнтрахт – Аталанта, Ливерпул – ПСВ, Олимпијакос – Реал Мадрид, ПСЖ – Тотенхем и Спортинг – Бриж. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан