Нереди пред затворот на Западниот Брег поради ослободување на затвореници
- Израелските сили се судрија со група Палестинци кои синоќа се собраа пред затворот на Западниот Брег за ослободување на затворениците, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Рамала, 28 ноември 2023 (МИА) - Израелските сили се судрија со група Палестинци кои синоќа се собраа пред затворот на Западниот Брег за ослободување на затворениците, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Министерството објави дека еден Палестинец е убиен во затворската област Офер и дека не е јасно дали тој учествувал во судирите.
Палестинските медиуми јавија дека врз него било пукано.
Израел се уште не го коментира инцидентот. Некои од демонстрантите вееја знамиња на Хамас и Исламски џихад. мс/
фото: МИА архива