• петок, 05 декември 2025

Непречено тече гласањето во Ранковце, до 11 часот излезеноста е 18,29 отсто

Непречено тече гласањето во Ранковце, до 11 часот излезеноста е 18,29 отсто

Ранковце, 2 ноември 2025  (МИА) - Жителите на Општина Ранковце денеска одбираат градоначалник во вториот круг од локалните избори во државата. 

Според информациите од претседателот на општинската изборна комисија Ранковце, Орце Тодоровски, гласањето почнало навреме во сите 13 избирачки местa и се одвива непречено.

До 11 часот излезеноста изнесува 18,29 отсто што значи од вкупно 2921 граѓанин со право на глас, до единаесет часот гласале 534 граѓани.

Своето избирачко право на глас во текот на вчерашниот ден во оваа општина го оствариле 69 болни и немоќни лица од вкупно пријавени 72 болни изнемоштени. ид/лв/

фото: МИА 

Остани поврзан