• сабота, 23 ноември 2024

Непознати сторители со пила исекле 14 дрвца во Велес

Непознати сторители со пила исекле 14 дрвца во Велес
Велес, 6 април 2021 (МИА) - Непознати сторители со пила исекле 14 садници во одлична вегетациска состојба на улицата „АСНОМ“ во Велес. Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски се надева дека надлежните институции ќе го откријат и казнат сторителот. Немилиот настан, како што соопшти, се случил на 29 и 30 март. - Овие садници имаа потенцијал да бидат мал, но корисен природен филтер во непосредната околина. Се надевам дека надлежните органи ќе го откријат сторителот и соодветно ќе го казнат, рече Коцевски. Во пролетниот период, како што информираше, засадени се 260 високи повеќегодишни листопадни дрвја кај Еко кампот на езерото Младост, Градскиот парк, паркот Гимназија и пaркот пред општинската зграда. Поради временските услови, засадувањето ќе продолжи наесен. ад/бак/  

Остани поврзан