• сабота, 23 ноември 2024

Неповолните временски услови во Појасот Газа дополнително го отежнуваат животот на палестинските бегалци

Неповолните временски услови во Појасот Газа дополнително го отежнуваат животот на палестинските бегалци

Газа, 13 декември 2023 (МИА) - Додека Израел продолжува да ја бомбардира Газа, Палестинците, кои мораа да ги напуштат своите домови, се борат да преживеат во бегалските кампови каде нивните животи уште повеќе се отежнати од неповолните временски услови, пишува Анадолија.

Палестинските бегалци кои живеат во шаторите поставени во близина на болницата Ал Акса во градот Дејр ал Балах во Појасот Газа се соочуваат со силен дожд и студено време во последните денови.

Врнежите ги претворија патиштата во кал, а многу шатори се поплавени.

Голем број Палестинци, особено децата, преживуваат во тешки услови, без основни услови за живот, а ширењето на болестите во бегалските кампови претставува дополнителна закана за нивното здравје.

Семејствата се обидуваат да најдат храна и вода за нивните деца да преживеат, а повеќето од нив немаат облека и обувки соодветни за моменталните временски услови.

Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа на 1 декември по завршувањето на еднонеделното хуманитарно примирје постигнато со палестинската група Хамас.

Според здравствените власти во Газа, 18.412 Палестинци се убиени, а повеќе од 50.100 се ранети во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас, во кој беа убиени 1.200 Израелци, главно цивили. ссм/

фото: ДПА архива

Остани поврзан