• среда, 25 декември 2024

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија
Сеул, 23 септември 2021 (МИА) - И покрај општите стандарди за убавина во светот, секоја нација има свои уникатни одлики, традиции, обичаи, но и нови трендови поврзани со женската убавина. Следат некои необични занимливости за азиските земји околу тоа дека убавината е релативен концепт... Долги нокти на нозете За разлика од светските трендови со маникир и педикир, во Индија долгите, а сепак излакирани нокти на нозете, се сметаат за знак на убавина кај дамите. Споени веѓи Во Таџикистан, споената веѓа е традиционален знак за женска убавина, посебно ако е и побујна и погуста... Девојките кои не се надарени со густи веѓи користат посебна билка за да го обојат просторот на средина. Завој на носот Поради огромната популарност на ринопластиката, Иран понекогаш се нарекува и „светска престолнина на носот“. Носната лента по операцијата има и посебно име - „завој на честа". А, жените гордо го покажуваат овој „моден додаток“. Некои остануваат со него и долго време по операцијата, како „признак“ на нејзиното богатство. Црни заби Поцрнувањето на забите е стар јапонски обичај со кој жените ја покажувале својата убавина и подготвеноста да се омажат. Во денешно време, веќе речиси никој не го користи ова. Издолжување на вратот Долгиот врат е симбол на женственост и убавина кај народот Кајани во Тајланд. Се верува дека со долгиот врат, жените изгледаат како змејови, кои пак се важен дел на околните народни преданија. Девојчињата тука почнуваат да носат вратни обрачи од месинг на само пет години. Наострени заби За луѓето на Бали, стругањето и обликувањето заби е народен обичај и обред. Оваа постапка се изведува главно врз тинејџерки, за да се изгонат злите духови. Наострените заби во Индонезија пак, се симбол на зрелост, што покажува дека младите се подготвени да се венчаат. Лице во облик на срце Јужна Кореја важи за земја со прилично голем број козметички процедури, при што измените на лицето се во топ 3 најпопуларни пластични операции. Еден нов тренд, сепак, треба да се истакне... И покрај потенцијалните опасности, Јужнокорејките често се подложуваат на операција заради лице во облик на срце.  си/сд/

Остани поврзан