Необична италијанска љубовна приказна со двојно-среќен крај
- Неговата состојба се влошувала, предизвикувајќи низа други компликации кои доведоа до потреба од пресадување на срце. Мажот потоа е ставен на списокот за итна трансплантација, па одржуван во

Торино, 12 јули 2022 (МИА) - Двојка од Италија се венчале во необични околности, а приказната која почнала како „последната желба на младоженецот“ се претворила во онаква со најубав крај...
Маурицио (47) од Торино бил згрижен в болница во јуни откако доживеал срцев удар. И покрај напорите на лекарите, неговата клиничка слика за жал не ветувала многу... Неговата состојба се влошувала, предизвикувајќи низа други компликации кои доведоа до потреба од пресадување на срце. Мажот потоа е ставен на списокот за итна трансплантација, па одржуван во живот со машини кои ја движат крвта низ неговото тело. Прифаќајќи веќе дека умира, Италијанецот имал само една желба - да се ожени со Силвија, неговата девојка и мајка на нивната двомесечна ќерка. Венчавката која почнала како „последната желба на Маурицио“ се одржала во кардиохируршкото одделение каде што тој лежел. Силвија наместо цвеќе држела „букет“ од тубите за крв, а собата била украсена и со неколку балони, како и фотографија од нивната ќерка.