• сабота, 23 ноември 2024

Ненси Пелоси ѝ се заблагодари на Хрватска што ја искористи својата експертиза за да ѝ помогне на Украина

Ненси Пелоси ѝ се заблагодари на Хрватска што ја искористи својата експертиза за да ѝ помогне на Украина
Загреб, 24 октомври 2022 (МИА) – Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска изјави дека Иран го прави светот помалку безбеден со снабдување на Русија со дронови што се користат против цели во Украина. Мислам дека Иран прави голема грешка, изјави Пелоси по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. - Пред сè, треба да можеме да се спротивставиме на дроновите… тоа е опасна технологија и треба да се запре, додаде таа. Пелоси денеска пристигна во Загреб за да присуствува на форум чија цел е поддршка на независноста на Украина и враќањето на Крим на Киев. Таа ѝ се заблагодари на Хрватска за воената помош за Украина, за гостопримството кон украинските бегалци и за користењето на воената експертиза за поддршка на Украина, пренесе Хина. Во изјавата по средбата со претседателот на хрватскиот Парламент Гордан Јандроковиќ, Пелоси потсети дека првпат ја посетила Хрватска во 1990-тите, кога рече дека од прва рака била сведок на храброста на хрватскиот народ и на нивното страдање од рацете на неговиот сосед. Таа додаде дека ѝ е благодарна на Хрватска што го искористи тоа искуство за поддршка на Украина. Пелоси, исто така, му се заблагодари на хрватскиот народ за гостопримството кон украинските бегалци и за воената помош за Украина. Пелоси е највисокиот американски функционер што ја посетил Хрватска од 2015 година, кога во Хрватска престојуваше американски потпретседател Џо Бајден. Таа утре ќе присуствува на Првата парламентарна средба на врвот на Меѓународната платформа за Крим во Загреб. - Изразивме уверување дека утрешниот самит на Кримската платформа, кој за прв пат се одржува на ниво на претседатели на парламенти, ќе испрати јасни пораки за поддршка на украинскиот народ, поддршка за територијалниот интегритет на Украина и дека ние ќе направи сè за Украина да победи во оваа војна и рускиот агресор ќе биде поразен, изјави Јандроковиќ по средбата. јт/

Остани поврзан