• вторник, 20 август 2024

Ненадејно почина Ќамил Селими поранешен фудбалер на Влазерими

Ненадејно почина Ќамил Селими поранешен фудбалер на Влазерими
Кичево, 28 септември 2020 (МИА) - Ненадејно почина Ќамил Селими поранешен фудбалер на Влазерими. За неговата птерана смрт известија од ФК Влазерими од Кичево кои со соопштение се обратија до спортската јавност. - Со длабоко жалење и неверување ја прифативме веста за смртта на 52-годишна возраст, на поранешниот фудбалер на Велазерими од Кичево, Ќaмил Селими . Ќамил ги бранеше боите на нашиот тим во текот на деведесеттите години, кога истовремено беше време да се постават темелите на фудбалски клуб со сериозни организациски и натпреварувачки перформанси. Ја користиме оваа можност да му изразиме искрено сочувство на семејството во име на секој член и поддржувач на Влазерими, со убедување дека Ќамил секогаш ќе остане во колективната меморија на нашиот клуб. Почивај во мир! , се вели во соопштението на ФК Влазерими од Кичево. Погребот ќе се изврши денеска во 15 часот на гробиштата во село Лшница кичевско. рз/зс/

Остани поврзан