• вторник, 24 декември 2024

Немири во Басра, запалена државна зграда

Немири во Басра, запалена државна зграда
Багдад, 21 август 2020 (МИА) - Демонстраните денеска ја запалија локалната канцеларија на Парламентот во Басра, а безбедносните сили пукаа во воздух. Насобраниот народ побара ирачкиот Парламент да го разреши гувернерот на провинцијата откако беа убиени двајца опозициски активисти, а неколкумина повредни во три напади. Бранот насилство почна минатата недела по убиството на активистот Тахсен Осама, што предизвика тридневни протести, а полицијата употреби боева муниција откако демонстрантите фрлаа молтови коктели врз куќата на гувернерот и блокираа неколку главни патишта. Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими ги отпушти шефовите на полицијата и на националаната безбедност во Басра и нареди истрага поради насилството. ми/

Остани поврзан