• понеделник, 23 декември 2024

Нема регионална стабилност без палестинска држава, изјави портпаролот на Абас 

Нема регионална стабилност без палестинска држава, изјави портпаролот на Абас 

Рамала, 19 јануари 2024 (МИА) - Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Набил Абу Рудајне, денеска изјави дека не може да има „безбедност и стабилност во регионот без палестинска држава“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа ги отфрли повиците на САД да преземат чекори за формирање палестинска држава по војната против Хамас во Газа, пренесоа израелските медиуми.

Изјавата на портпаролот на Абас уследи по оценката на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер, дадена вчеравечер дека долгорочната безбедност на Израел зависи од формирањето на палестинска држава за да се реши конфликтот меѓу двете нации.

-Без формирање на независна палестинска држава со источен Ерусалим како главен град во границите од 1967 година, нема да има безбедност и стабилност во регионот, ја пренесе палестинската државна агенција Вафа изјавата на портпаролот на Абас.

Палестинците се стремат да основаат независна држава во Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим - територии заземени од израелската армија во Шестдневната војна во 1967 година. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан