• вторник, 24 декември 2024

Нема никаков проблем со регистарските таблици, ниту со закажување термини за патни исправи , тврди Спасовски

Нема никаков проблем со регистарските таблици, ниту со закажување термини за патни исправи , тврди Спасовски
Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) – Регистарските таблички пристигнуваат во континуитет и граѓаните врз основа на потребите може да си бараат и да ги подигнуваат. Имавме проблем од аспект на јавните набавки, такви се законските прописи, но тој проблем е надминат и стигнуваат на дневна основа регистарски таблици, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во однос за закажувањето термин за лични карти и зошто не се закажува термин за лична карта по итна постапка, Спасовски рече дека не е невозможно да се закаже термин за лична карта и за патна исправа. Апелираше до граѓаните да бидат трпеливи во овој дел и потсети дека е изменет и Законот за патни исправи, со цел да им се овозможи на луѓето од дијаспората на кои им истекува патната исправа до 30 јуни и им се продолжува важноста на тие патни исправи до крајот на годината до 31 декември, само за да не се создаде некаков проблем... - Ако се јавите и ви го дадат првиот термин во јули, тоа е можно да се закаже, нема никаква друга пречка, ниту во набавка на обрасци, ниту во спроведување активноста, едноставно сега најверојатно затоа што движењето малку повеќе се ослободи, доаѓаат нашите пред се од дијаспората во државата. Доаѓа до промена на личните карти, на патните исправи и се создава поголема бројка луѓе кои сакаат да извадат лични документи. За ова прашање е разговарано во вторникот на колегиум и дадени се одредени насоки, а во Скопје работат во две смени и најверојатно ќе работат и за време на викенди со цел да се дојде до поголема активност во тој дел, изјави министерот Спасовски по денешната работна средба со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев. цр/дма/

Остани поврзан