• петок, 05 декември 2025

Нема зафатено објекти при вчерашниот пожар на Транзитниот центар Табановце

Нема зафатено објекти при вчерашниот пожар на Транзитниот центар Табановце

Куманово, 13 август 2025 (МИА) - Пожарникарите од Куманово скоро пет часа го гасеа пожарот во близина на Транзитниот центар Табановце. Од ТППЕ Куманово информираат дека нема зафатени објекти и на пожарот интервенирале три возила со деветмина пожарникари.

- Дојавата за пожарот е примена во 19:25 часот во атар на селото Табановце околу центарот за мигранти. Пожарот беше на поголема површина, зафатени беа нискостеблеста шума и сува трева. Според првични процени околу 50-тина хектари. Нема зафатено објекти. На пожарот интервенираа три екипи и девет пожарникари сè до 00:15 часот, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожари вчера имаше околу наплатната рампа Романовце на двете страни од автопатот, сува трева гореше, во населбата „Тоде Мендол“ во липковското Отља и последниот во Никуштак. ам/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан