Неколку училишта од Куманово имаат сензорни соби што придонесува за поддршка на учениците со попреченост
- Во пракса, тие треба да функционираат како „сигурна зона“ каде детето, заедно со асистент или стручно лице, може да продолжи со учење во услови прилагодени на неговите потреби, особено во моменти на вознемиреност
Куманово, 26 март 2026 (МИА) - Неколку училишта од Куманово имаат сензорни соби што придонесува за поддршка на учениците со попреченост, информираше денеска, Благица Димитровска од здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ Куманово. Според неа, и концептот на инклузивно образование последниве години доби силна законска и институционална рамка, практичната имплементација покажува сериозни предизвици. Пример за тоа е намалената употреба на сензорните и ресурсните соби во училиштата во Куманово и Старо Нагоричане алатка која првично беше воведена како клучна поддршка за децата со попреченост.
-Сензорните соби беа воспоставени преку европски проект, уште пред формалното воведување на Законот за инклузивно образование. Во период до 2023 година, сензорни соби се отворени во повеќе основни училишта, меѓу кои „11 Октомври“, „Наим Фрашери“, „Бајрам Шабани“ и „Кочо Рацин“, додека во други училишта се направени инфраструктурни адаптации, како пристапен тоалет и инклузивно игралиште-ијзави Димитровска.

Во почетната фаза, овие соби биле активно користени и давале значајни резултати во поддршката на учениците со различни видови попреченост.
- Еден од клучните фактори за намалениот интензитет на поддршката, според анализата, е административното оптоварување на наставниот кадар. Иако во најголем дел од училиштата има образовни асистенти и стручни тимови (психолози, педагози, специјални едукатори), нивниот ефективен ангажман се намалува поради зголемените административни обврски-вели Димитровска
Таа потенцира дека собите не се само сензорни, туку и ресурсни простории опремени со едукативни материјали прилагодени за различни видови попреченост.

- Тие се наменети за индивидуална и групна работа, за поддршка во совладување на наставната програма, но и за социјализација особено кај деца кои пред вклучување во образованието биле изолирани во семејната средина. Во пракса, тие треба да функционираат како „сигурна зона“ каде детето, заедно со асистент или стручно лице, може да продолжи со учење во услови прилагодени на неговите потреби, особено во моменти на вознемиреност-вели Димитровска.
Таа препорачува намалување на административните обврски за наставниците и стручните лица, континуирана обука и поддршка на кадарот, следење на користењето на ресурсите и нивна евалуација и поголема координација меѓу училиштата и специјализираните центри.ам/
Фото: МИА