Неколку населби во Штип останаа без вода за пиење поради дефект на булеварот „Партизанска“
- Јавното претпријатие „Исар“ од Штип преку соопштение информира дека без вода за пиење се жителите во населбите 8 Ноември, Ново Село, Исар, Долна и Горна Железничка, Пребег, Три Чешми, како и на улицата „Борис Кидрич“ со околните улици и дел од централното градско подрачје.

Штип, 10 јануари 2025 (МИА) - Без вода за пиење попладнево останаа повеќе населби во Штип поради дефект на водоводната мрежа на булеварот „Партизанска“.
Јавното претпријатие „Исар“ од Штип преку соопштение информира дека без вода за пиење се жителите во населбите 8 Ноември, Ново Село, Исар, Долна и Горна Железничка, Пребег, Три Чешми, како и на улицата „Борис Кидрич“ со околните улици и дел од централното градско подрачје.
Во соопштението се наведува дека екипите на ЈП „Исар“-Штип се на терен и во тек е санирање на дефектот. вдј/бак/
Фото: МИА