• сабота, 16 ноември 2024

Неколку жртви при уривање на мал авион во Шведска

Неколку жртви при уривање на мал авион во Шведска
Стокхолм, 8 јули 2021 (МИА) – Неколку лица загинаа кога мал авион со падобранци денеска се урна недалеку од Оребро во Шведска, соопшти шведската полиција. - Тоа е многу сериозна несреќа, загинаа неколку лица, соопшти шведската полиција на нејзината веб-страница. Шведската полиција соопшти дека во авионот имало девет лица. Координативниот центар за заедничко спасување за новинската агенција ТТ соопшти дека авионот превезувал падобранци. јт/

Остани поврзан