• понеделник, 23 декември 2024

Неколку европски гиганти ова лето на азиска турнеја

Неколку европски гиганти ова лето на азиска турнеја

Токио, 16 мај 2023 (МИА) – Манчестер сити и минхенски Баерн ќе одиграат на 26 јули во Токио контролен натпревар, во рамки на серијата пријателски натпревари меѓу големите европски клубови кои ќе ги организира јапонската Ј-лига.

Три денови претходно Манчестер сити ќе го одигра својот прв пријателски натпревар во рамни на азиската турнеја на националниот стадион во Токио против Маринос од Јокохама.

Минатиот месец Баерн од своја страна веќе најави одигрување пријателски натпревар на истата локација против Кавасаки, уште еден клуб од јапонската Ј-лига.

Пред нив, на 6 јули, Барселона во главниот град на Јапонија ќе игра против Висел Кобе, во чиј редови настапува поранешната икона на каталонскиот клуб, Андрес Иниеста.

Покрај Манчестер сити, и други англиски клубови планираат турнеја по Азија вон сезоната, вклучувајќи го и Ливерпул, кој ќе одигра неколку пријателски натпревари во Сингапур, меѓу кои и против Баерн на 2 август. ег/ссм/

ФОТО: Твитер

Остани поврзан