Некои од најчестите знаци за погрешна сродна душа
- Можеби една од најчестите грешки во животот е претпоставката дека страсните врски се признак за најдена „сродна душа“.
Њујорк, 28 јануари 2025 (МИА) - Можеби една од најчестите грешки во животот е претпоставката дека страсните врски се признак за најдена „сродна душа“, пишува порталот „Јортанго“ (YourTango). Психолозите наведуваат четири знаци коишто укажуваат дека Вашиот партнер веројатно не е и Вашата сродна душа, без оглед колку се одлични односите во одреден миг.
1. Интензитетот има сосем друго име
Приврзаноста кон поединец е честа појава во нездравите „трауматична врски“. Психологот Тара Бејтс-Дафорд од Њујорк, САД, го појасни тој поим.
- Иако замислата за поврзување се стреми кон импликации на нешто добро и корисно, трауматичните врски се и нездрави и нефункционални. „Трауматична врска“ е поим што се користи за да се опише како „злоупотребата на страв, возбуда и интимни чувства“ за да се зароби друга личност. Така настануваат трауматичните врски кога минувате низ период на интензивна љубов и возбуда со личност, проследен со злоупотреба, запоставување и малтретирање, изјави д-р Бејтс-Дафорд.
Таа вели дека, ако некој премногу често плаче или се прашува - зошто не може да бидете добри како порано, тогаш тој избор на партнер /-ка не е нејзина / негова сродна душа.
2. Луѓето често ви велат дека двајцата не треба да бидете заедно
Ако пријателите Ви велат да го / ја заборавивте партнерот /-ката, тоа го прават само кога се плашат од пропаста на таа врска и од можните идни опасности.
3. Страста е еднострана
Ако во една врска, само еден од партнерите покажува љубов, внимание и интерес, тогаш не сте „на иста бранова должина“, според терапевтот за љубовни врски, Џолин Брејли.
- Само се опседнувате со партнерот и ја трошите својата енергија. Здравата, забавна врска е добра и сè тече лесно, вели таа.
4. Немате скоро ништо заедничко
Немате заеднички цели, не го сакате истото, ги мразите неговите омилени ТВ-серии... Кога партнерите немаат нешто заедничко освен физичката привлечност, според психолозите, просто - не станува збор за сродни души. си/
Фото: МИА архива