• среда, 27 ноември 2024

Некои од најпознатите забранети места на Земјата

Некои од најпознатите забранети места на Земјата

Лос Анџелес, 4 јули 2022 (МИА) - Многумина тајно сакаат да посетат, или барем „да фрлат поглед“ на места каде што ниту еден обичен човек никогаш не стапнал, или пак, не смее да стапне... Интернет-страницата „Квизклаб“ издвои 10 од можеби најпознатите забранети места на планетата Земја.

1. Змискиот Остров, во Бразил Малиот Змиски Островот кај брегот на Бразил на Атлантскиот Океан, е можеби најопасното место на Земјата. Ова е единствениот дом на критично загрозениот, отровен златен јамски вајпер. Бразилската влада го затвори островот за јавна посета со цел да ги заштити и луѓето и змиите на него. 2. Межгорје, Русија Межгорје е затворен град во Русија. А, не се знае многу за тоа... Гласините говорат дека тука се или биле сместени два воени батаљони, тајна нуклеарна ракетна база и огромен подземен објект. 3. Област 51, Невада, Соединети Американски Држави Областа 51 често е предмет на теории на заговор за вонземјани. Многу луѓе веруваат дека тука американската Влада има складирано и крие тела на вонземјани и НЛО-а. Областа е означена со портокалови столпчиња и околу неа патролираат чувари во бели камиончиња и маскирни облеки. На стражарите не им е дозволено да зборуваат за нивните работодавци. 4. „Роуз тауер“ - „државата“ Силенд Кнежевството Силенд е самопрогласена држава од 1967 година, што како нејзина територија, „ја зазема“ кулата „Роуз тауер“ - воена платформа во Северното Море од Втората светска војна. „Роуз Тауер“ е „окупирана“ од семејството и соработниците на Педи Рој Бејтс, кој воведе и устав на Силенд, национално знаме, национална химна, валута и пасоши. Ако сакате да ја посетите „земјата“ Силенд, ќе треба да добиете дозвола од нејзината Влада. 5. Островот Северен Сентинел, Индија Северен Сентинел е мал остров, опкружен со плиток гребен. Тоа е дом на Сентинелезите, а тие јасно ставиле до знаење дека не сакаат странци, бидејќи го убиваат секој посетител. Индиските власти ја признаваат желбата на островјаните да бидат оставени сами. Тие забрануваат патување на островот и со цел да спречат жителите на племињата да се заразат со болести на кои немаат имунитет. Форт-Нокс — Википедия 6. Зградата „Форт Нокс“ во САД „Форт Нокс“ е американска владина зграда чувана од Армијата на САД, во сојузната држава Кентаки. Се нарекува најобезбедуваното место на планетата и тука се сместени околу половина од златните резерви на САД. „Форт Нокс“ е опкружен со челична ограда, а самото здание е своевидна тврдина од гранит обложен со бетон и зајакнат со челик. 7. Чернобил, Украина Чернобил е делумно напуштен град во Украина. Бил евакуиран на 5 мај 1986, девет дена по нуклеарната несреќа во нуклеарната централа „Чернобил“, која се смета за најголемата нуклеарна катастрофа во историјата. Денес, посетите во Чернобил се дозволени, но ограничени со строги правила. Има  и две продавници и туристички хотел. 8. Светскиот трезор за семиња „Свалбард“ во Норвешка „Свалбард“ е објект за долгорочно складирање семиња. Местото се наоѓа на островот Спитсберген, а местоположбата се смета за идеална бидејќи нема тектонска активност и има вечен мраз, што помага семињата да бидат зачувани. Пристапот до Светскиот трезор е ограничен само за вработените таму. 9. Пештерите Ласко во Франција Ласко е група пештери во југозападна Франција, познати по палеолитските пештерни слики. Цртежите се заеднички напор на многу генерации праисториски луѓе. Местото е затворено за јавноста бидејќи јаглерод-диоксидот, топлината и влажноста, со еден збор - посетителите може да ги уништат сликите. 10. Големиот храм „Исе“ во Јапонија „Исе“ е шинтоистички храм што Јапонците го обожуваат како „Душата на Јапонија“. Зградите на светилиштето се направени од цврсто дрво чемпрес и не се користени клинци, туку дрва се само прилепени. Пристапот е строго ограничен. На туристите не им се дозволува само поглед оддалеку - зад четирите високи дрвени огради.  си/сд/

Остани поврзан