Неизвесно е дали Адетокумбо ќе остане во Милвоки
- Првиот играч на Милвоки Бакс Јанис Адетокумбо нема донесено одлука дали ќе ја промени средината

Милвоки, 5.август 2025 (МИА) - Првиот играч на Милвоки Бакс Јанис Адетокумбо нема донесено одлука дали ќе ја промени средината. Се очекуваше грчкиот репрезентативец да ја продолжи соработката со Милвоки, но последните информации од американските медиуми зборуваат дека тој е назадоволен од тимот и дека сè уште нема донесено одлука дали ќе остане или ќе побара „трејд“.
Милвоки се обидуваат да го задржат Адетокумбо во својот тим. Тие претходно го отпуштија Демјен Лилард, кој се врати во Портланд, за да направат место за Мајлс Тарнер од Индијана.
Адетокумбо во моментов е со репрезентацијата на Грција на подготовки за претстојниот Евробаскет. мн/
Фото: ЕПА