• петок, 05 декември 2025

Неизвесен настапот на Де Јонг на „Ел Класико“

Неизвесен настапот на Де Јонг на „Ел Класико“

Барселона, 23.октомври 2025 (МИА) – На помалку од три дена до големото дерби во шпанската лига „Ел Класико“ Барселона има проблеми со составот. Еден од клучните играчи од одбраната Френки Де Јонг денешниот тренинг го пропушти.

Здравствената состојба на играчот не е најдобра, па наместо на тренинг денеска беше пуштен да се врати дома. Неговиот настап на Сантијаго Бернабе е под голем знак прашалник.

Инаку холандскиот интернационалец на дуелот во вторникот од Лигата на шампионите против Олимпијакос беше на клупата за резерви со цел да биде одморен за неделниот дуел.

Тренерот на Барселона Ханси Флик изминатиов период се соочува со проблеми со повредени играчи, а од листата на повредени се очекува враќање единствено на Рафиња. мн

Фото: ЕПА

Остани поврзан