• петок, 05 декември 2025

Независниот кандидат Слободан Велиновски ја претстави изборната програма за Македонска Каменица

Независниот кандидат Слободан Велиновски ја претстави изборната програма за Македонска Каменица

Македонска Каменица, 9 октомври 2025 (МИА) - Независниот кандидат за градоначалник на Македонска Каменица, Слободан Велиновски ја претстави својата изборна програма за претстојните локални избори.

Под мотото „Од народот со народот за иднина“, Велиновски и неговиот тим најавуваат силна и одлучна политика насочена кон развој на градот и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Во програмата се вклучени проекти за урбанизација на градот, изградба на нови станови, улици и тротоари, модернизација на локалната инфраструктура, поддршка за младите и семејствата и развој на културниот спортскиот и туристичкиот живот.

- Имаме јасен план за урбанизирана Македонска Каменица и жива општина со иднина за сите генерации. Сега е време за акција, рече Велиновски.

Носител на независната советничка листа е Злате Алексовски, а тимот на советници брои уште десет кандидати. вс/бак/

Фото: Слободан Велиновски 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан