• среда, 25 декември 2024

Недостатокот од витамин Б-12 предизвикува чест замор кај децата

Недостатокот од витамин Б-12 предизвикува чест замор кај децата

Лос Анџелес, 27 септември 2023 (МИА) - Ако детето често се жали дека е уморно или исцрпено, покрај недостатокот на сон, може да му недостасува и витамин Б-12 во телото, објаснуваат педијатрите. Тоа е клучен витамин што на детето првенствено му е потребен за создавање црвени крвни зрнца и ДНК.

Покрај тоа, многу испитувања покажуваат дека овој витамин е одговорен и за одржување на здравјето на нервниот систем. За разлика од другите витамини, Б-12 го нема во овошјето и зеленчукот бидејќи растенијата не го произведуваат. Наместо тоа, детето најчесто може да го добие преку месо - главно пилешко или мисиркино, како и млечните производи.

Благодарение на тоа што овие намирници се лесно достапни, недостатокот на витамин Б-12 не е честа појава. Доколку сепак се случи тоа, децата најчесто се жалат на замор и исцрпеност, а се јавува и бледа кожа на лицето, мускулна слабост, проблеми со концентрацијата и помнењето, и дигестивни нарушувања.  си/сд/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан