• сабота, 22 февруари 2025

Неготино повика волонтери за Европски младински олимписки фестивал 

Неготино повика волонтери за Европски младински олимписки фестивал 

Неготино, 15 јануари 2025 (МИА) - Општина Неготино повикува волонтери за Европски младински олимписки фестивал, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при  неготинската локална самоуправа. 

- Ни претставува особена чест да го поздравиме Македонскиот олимписки комитет, што,  како организатор на овогодинешното издание на ЕМОФ Скопје 2025 година,  ќе ја обедини младинската спортска елита од цела Европа. Фестивалот на едно место ќе обедини повеќе од 4000 учесници од 48 европски држави и регионот, голем број на домашни и странски гости како и повеќе од 900 волонтери, соопштија од Службата за информирање при Општината. 

Притоа посочија дека овој мулти - спортски олимписки настан е одлична можност земјава  да биде домаќин на младите спортисти од цела Европа и да го претстави својот младински спортски потенцијал, пред широката публика која го следи овој фестивал. 

Оттаму истакнаа дека со цел успешна реализација на фестивалските активности, потребна е и поддршката од најважниот сектор за секој настан - волонтерите. 

- Организаторите, волонтерите ги сметаат за срцето на овој фестивал, повикот за аплицирање за волонтер на ЕМОФ Скопје 2025 година е веќе отворен. Во знак на поддршка ги повикуваме сите заинтересирани да се вклучат во овој спортски спектакл и да ја поднесат својата апликација за волонтер, информираа од прес службата на Општината. свд/дма/


Фото Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан