• среда, 14 јануари 2026

Неготинец возел со 1,54 промил алкохол во крвта

Неготинец возел со 1,54 промил алкохол во крвта

Неготино, 14 јануари 2026 (МИА) - Неготинец бил лишен од слобода рано изутрината затоа што возел под дејство на алкохол. Од Секторот за внатрешни работи - Велес информираа дека денеска во 2.50 часот на улицата Индустриска“во градот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Т. Б. на возраст од 38 години.

- При контрола во патниот сообраќај полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“, со неготински регистарски ознаки, и по преземените мерки е констатирано дека Т. Б. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промил алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица - истакнаа од СВР Велес.

Потенцираа дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - безобѕирно управување со моторно возило. свд/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан