• недела, 06 октомври 2024

Невреме во Москва, автомобили пливаат по улиците

Невреме во Москва, автомобили пливаат по улиците
Москва, 20 јуни 2020 (МИА) - Москва денеска ја погоди силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, а во сила е портокалов метео-аларм. Жителите на Москва на социјалните мрежи објавија снимки и фотографии на кои се гледаат автомобили кои пливаат по улиците како чамци. Центарот за контрола на сообраќајот во Москва објави на Твитер дека се поплавени неколку автомобили на една од улиците во главниот град, како и дека сообраќајот во улицата е целосно во прекин. Некои подземни премини се целосно потопени. јт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан