• петок, 26 јули 2024

Невреме во Кавадарци

Невреме во Кавадарци

Кавадарци, 18 јули 2024 (МИА) - Невреме го зафати попладнево градот Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека се работи на расчистување на улиците од паднати дрвја и канделабри и се чистат сливниците.

-По силното невреме проследено со силен ветер што ја зафати Општина Кавадарци, интензивно се работи на терен каде се активирани Мој Општинар, службите од ЈП Комуналец, служби од ЕВН и ТППЕ Кавадарци. Се работи на расчистување на улиците од дрвја, паднати канделабри, се чистат сливници и големи наноси од кал и песок по градските улици, информираше Јанчев.

Тој нагласи дека се очекува до вечер сите улици да бидат проодни и функционални.

- Исто така ги известуваме граѓаните дека за било каков проблем, можат да се јават во Кол-центарот на општината на бројот 13-300, соопшти Јанчев. свд/хс/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан