Неверување кај кошаркарите од НБА-лигата по веста за смртта на Коби Брајант
- Веста за трагедијата во која вечерва по средноевропско време животот го загуби една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА-лигата со неверување се прошири и кај играчите од најсилната кош

Лос Анџелес, 26 јануари 2020 (МИА) – Веста за трагедијата во која вечерва по средноевропско време животот го загуби една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА-лигата со неверување се прошири и кај играчите од најсилната кошаркарска лига.
Меѓу другите на Твитер се огласија и:
Демијан Лилард од Портланд: Леле!
Мајк Конли од Мемфис: Не, човеку!
Ману Џинобиле, легенда на Сан Антонио: Уништен!
Андре Драмонд од Детроит: Ова не може да е вистина!
Лука Дончиќ од Далас: Ове не може да биде вистина!
Џамал Крафорд: Нема шанси, нема шанси,... Те сакам, Коби!
Двејн Вејд: Неееее, Господе, те молам, не!
Ова се само дел од реакциите на сегашни и поранешни НБА-играчи по веста за смртта на Коби Брајант. зс/