Небензја: Театарот во Мариупол беше нападнат од украинските националисти
- Рускиот амбасадор Василиј Небензја пред Советот за безбедност на Обедиенти нации изјави дека нападот врз театарот во Мариупол е дело на украинските националисти и дека била заложничка ситуаци
Њујорк, 17 март 2022 (МИА) - Рускиот амбасадор Василиј Небензја пред Советот за безбедност на Обедиенти нации изјави дека нападот врз театарот во Мариупол е дело на украинските националисти и дека била заложничка ситуација.
- Припадниците на Азов, екстремно десничарски милиции и легитимни цели на руските сили, држеа луѓе како заложници во театарот и се подготвувале за крвава провокација, посочи Небензја.
Тој додаде дека театарот никогаш не бил цел и за нападот ги обвини украинските вооружени сили и националистичките групи.
Небензја ги обвини и западните новинари дека не известиле за вистинската ситуација.
Рускиот амбасадор истакна и дека повеќе од 2,5 милиони луѓе поднеле барање да избегаат од Украина во Русија.
Официјални украински претставници ја обвинија Русија за намерно уништување на театарот во Мариупол во кој, според нивни тврдења, во време на нападот имало околу 1.200 луѓе.
Украинските власти соопштија дека скривницата во театарот во Мариупол го издржала синоќешното бомбардирање и оти повеќето од луѓето успеале да го преживеат нападот. Сè уште не е утврден бројот на жртвите. ми/