• недела, 17 ноември 2024

Нгонго од Верона во Наполи

Нгонго од Верона во Наполи

 

Неапол, 20 јануари 2024 (МИА) – Наполи го ангажираше белгискиот крилен напаѓач Сирил Нгонго (23) кој доаѓа во актуелниот италијански фудбалски првак од редовите на Верона.

Според локалните медиуми, вредноста на трансферот изнесува 18 милиони евра.

Нгонго во Верона дојде пред една година од холандски Гронинген и на 36 натпревари постигна 11 голови.

Наполи лани по долга пауза ја освои шампионската титула во Италија, но оваа сезона е осмопласиран на табелата со 20 бодови помалку од лидерот Интер. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан