НБА: Индијана ја совлада Оклахома во реприза на ланското финале
- Кошаркарите на Индијана Пејсерс триумфираа синоќа со 117-114 против Оклахома Сити Тандер во репризата од минатогодишното НБА финале.
Њујорк, 24 јануари 2026 (МИА) – Кошаркарите на Индијана Пејсерс триумфираа синоќа со 117-114 против Оклахома Сити Тандер во репризата од минатогодишното НБА финале.
Со 27 поени и 11 асистенции, Ендру Нембхард ја предводеше Индијана до победа на гостински терен, прва по три последователни порази.
Џарас Вокер додаде 26, а Паскал Сиакам 21 поени во редовите на Индијана.
Ова беше само втор пораз во последните девет натпревари за Оклахома, на која не им помогнаа ниту 47. поени на Шеј Гилџес-Александер. ег
ФОТО: Фејсбук