НБА го суспендира Ембид на три натпревари поради пресметка со новинар
- Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид е суспендиран од НБА на три натпревари поради конфронтација со новинар по натпреварот против Мемфис (107:124), објави „ESPN“.

Вашингтон, 6 ноември 2024 (МИА) - Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид е суспендиран од НБА на три натпревари поради конфронтација со новинар по натпреварот против Мемфис (107:124), објави „ESPN“.
Триесетгодишниот Американец вербално го нападна колумнистот на „ Philadelphia Inquirer“ Маркус Хејс по саботниот пораз, а потоа го турна.
Кошаркарот беше налутен од написот во кој се споменува починатиот брат на кошаркарот и неговиот син Артур, кој го носи неговото име.
Поради суспензијата, Ембид ќе загуби 1.063.778 долари од плата. Казната ќе стапи за време на суспензијата. зс/
Фото: ЕПА