• понеделник, 16 декември 2024

НБА го зголеми „селери кап“ за 11.6 милиони долари

НБА го зголеми „селери кап“ за 11.6 милиони долари
Њујорк, 30 јуни 2022 (МИА) – Максималниот паричен износ што клубовите во НБА лигата ќе смеат да го потрошат за плати на кошаркарите, таканаречениот „селери кап“, ќе се зголеми за 11.6 милиони долари, на вкупно 123.6 милиони долари по екипа за сезоната 2022/23. Зголемувањето на „селери кап“ доаѓа непосредно пред официјалниот старт на новата сезона на 1. јули, кога играчите без ангажман можат да потпишуваат нови договори. Со ова најново зголемување на „селери кап“ неговиот износ во последните десет години се зголеми за 80 отсто. Наспроти лимитираниот износ, сепак, најуспешните НБА екипи трошат значително повеќе и поради тоа плаќаат дополнителен данок на луксуз. Само актуелниот шампион Голден Стејт минатата сезона потроши 171 милиони долари за плати на играчите. ег

Остани поврзан