НБА ги објави составите за „Ол-стар“ натпреварот
- На официјалната веб-страница на НБА денес се објавени имињата на кошаркарите кои ќе бидат дел од стартни петорки на „Ол-стар“ натпреварот.

Вашингтон, 19 февруари 2021 (МИА) - На официјалната веб-страница на НБА денес се објавени имињата на кошаркарите кои ќе бидат дел од стартни петорки на „Ол-стар“ натпреварот.
Западната конференција ќе ја претставуваат Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), Стеф Кари (Голден Стејт), Лука Дончиќ (Далас), Никола Јокиќ (Денвер) и Кавај Ленард (Клиперс).
За Источната конференција во првата петорка ќе настапат: Кевин Дурант (Бруклин), Јанис Адетокунбо (Милвоки), Бредли Бил (Вашингтон), Џоел Ембид (Филаделфија) и Кајри Ирвинг (Бруклин).
Натпревaрот ќе се одржи на 7 март во Атланта. зс/