• петок, 26 јули 2024

НБА ги објави имињата на кошаркарите кои ќе бидат замени за„ Ол стар“ натпреварот

НБА ги објави имињата на кошаркарите кои ќе бидат замени за„ Ол стар“ натпреварот
Атланта, 24 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Џејмс Харден ќе игра на НБА „Ол-стар“ деветта година по ред. Покрај него, резервисти на Источната конференција ќе бидат: Џејлен Браун и Џејсон Тејтум (двајцата Бостон), Зак Лавин (Чикаго), Џулиус Рендл (Њујорк), Бен Симонс (Филаделфија) и Никола Вучевиќ (Орландо). Плејмејкерот на Феникс, Крис Пол, ќе биде 11-кратен „Ол-стар играч“. Покрај него на резервната клупа во тимот на Западната конференција ќе бидат и: Ентони Дејвис (Лејкерс), Пол Џорџ (Клиперс), Руди Гоберт, Донован Мичел (двајцата од Јута), Демијан Лилард (Портланд) и Сион Вилијамсон (Њу Орлеанс). Браун, Лавин, Рендл и Вилијамсон ќе играат за прв пат на „Ол-стар“ натпревар. Пред пет дена беа објавени и првите петорки од двете конференции. Седумдесеттиот НБА „Ол-Стар“ натпревар ќе се одржи на 7 март во Атланта. зс/

Остани поврзан