• вторник, 24 декември 2024

НБА: Бруклин ја повлекува „15-та“ на Винс Картер

НБА: Бруклин ја повлекува „15-та“ на Винс Картер

 

Њујорк, 19 септември 2024 (МИА) – НБА лигашот Бруклин ќе го повлече дресот со број 15 што го носеше легендарниот кошаркар Винс Картер пред натпреварот против Мајами на 25 јануари идната година на домашен терен.

Дресот на Картер ќе биде седми повлечен дрес од оваа франшиза, по дресот што го носеше хрватската кошаркарска легенда Дражен Петровиќ (бр. 3) и дресовите на Џејсон Кид (бр. 5), Џон Вилијамсон (бр. 23), Бил Мелкиони (бр. 25), Џулиус Ервинг (бр. 32). и Чарлс „Бак“ Вилијамс (бр. 52).

„Возбудени сме што можеме да му одадеме чест на поранешниот играч Винс Картер, кој придонесе толку многу за оваа организација на теренот и надвор од него“, рече извршниот директор на Нетс, Џо Цаи. „Тој е важен дел од историјата на франшизата на Бруклин и со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде во Центарот Баркли оваа сезона за да го прославиме неговото наследство“., порача Цаи.

Картер, кој е член на Куќата на славните од 2024 година, имаше просек од 23,6 поени во четири сезони со тогашниот Њу Џерси Нетс од 2004-2009 година.

Картер, кој сега е на возраст од 47 години, сè уште го држи рекордот на франшизата во НБА со 2.070 поени во сезоната 2006/2007.

Осумкратен Ол-стар учесник и дебитант на годината во сезоната 1998/1999, Картер е единствениот играч во историјата на НБА кој настапуваше во текот на четири децении.

Картер се повлече по сезоната 2019/20. со 25.728 поени во 1.541 натпревари со осум различни НБА тимови. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан