НБА: Бостон поведе со 3-0
- Кошаркарите на Бостон поведоа со 3-0 откако синоќа во Индијанаполис ја совладаа Индијана со 114-111 во третиот натпревар од финалето на Источната конференција во НБА лигата.
Индијанаполис, 26 мај 2024 (МИА) – Кошаркарите на Бостон поведоа со 3-0 откако синоќа во Индијанаполис ја совладаа Индијана со 114-111 во третиот натпревар од финалето на Источната конференција во НБА лигата.
Џејсон Тејтум го предводеше Бостон со 36 поени, 10 скокови и осум асистенции. Џејлен Браун додаде 24 поени, а Ал Хорфорд 23, од кои седум тројки.
Во редовите на Индијана најдобар беше Ендрју Нембхард со 32 поени, на кои додаде и девет асистенции.
Натпреварот број четири е закажан за понеделник и повторно домаќин ќе биде Индијана. ег ФОТО: Фејсбук