• среда, 25 декември 2024

На 86-годишна возраст почина Боби Чарлтон, светскиот шампион од 1966 година

На 86-годишна возраст почина Боби Чарлтон, светскиот шампион од 1966 година

Лондон, 21 октомври 2023 (МИА) – Освојувачот на светскиот фудбалски шампионат со Англија во 1966 година и добитникот на Златната топка истата година, Боби Чарлтон, почина денес на 86-годишна возраст, објави Манчестер јунајтед.

- Нашиот клуб жали за смртта на Сер Боби Чарлтон, еден од најголемите и најомилените играчи во историјата на Манчестер јунајтед. Сер Боби беше херој за милиони луѓе, не само во Манчестер или Велика Британија, туку и низ целиот свет каде што се игра фудбал. Клубот изразува искрено сочувство до неговата сопруга Лејди Норма, неговите ќерки и внуци и сите кои го сакаа, се вели во соопштението на клубот.

Чарлтон е производ на академијата на Манчестер јунајтед. Во текот на 17 години со клубот, тој одигра 758 натпревари и постигна 249 гола, го освои Европскиот куп, три англиски првенства и националниот куп.

Боби Чарлтон одигра 106 натпревари и постигна 49 гола за Англија и го освои Светското првенство во 1966 година. По пензионирањето, тој работеше за Манчестер јунајтед 39 години како клупски директор. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан