• сабота, 23 ноември 2024

На 4 033 одгледувачи на говеда им се исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

На 4 033 одгледувачи на говеда им се исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека се исплатени дополнителните директни средства за обележани грла говеда постари од 12 месеци. Со исплатата им се префрлени 100 милиони денари на 4 033 одгледувачи на говеда.

Висината на директните плаќања изнесува 2 600 денари по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Со оваа подмерка се опфатени земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети. мч/дма/

фото: МЗШВ

Остани поврзан