• вторник, 30 јули 2024

На 29 мај тим-билдинг трка за компании „Business Run 2020“

На 29 мај тим-билдинг трка за компании „Business Run 2020“
Скопје, 19 мај 2021 (МИА) - По минатогодишното одложување заради заострените здравствени мерки, конечно се создадени услови и е закажан термин за одржување на популарната тим-билдинг трка за компании, „Business Run 2020“. Штафетната трка за тимовите од македонскиот бизнис сектор ќе се одржи на 29 мај според правила и процедури прилагодени на здравствените протоколи за заштита на учесниците од ковид, соопшти денеска Здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје. Целта на трката е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените. За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и слични субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија, најавуваат организаторите на трката - Прв до врв од Скопје. Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри. Минатата година најбрз беше тимот на Комерцијална Банка, втор беше тимот на Фитнес Парк, а третото место го освои екипата на Телеком. Сите заинтересирани своите тимови ќе може да ги пријават преку електронскиот формулар на веб страницата на прв до врв. Најбрзите три тимови на „Business Run 2020“ ќе бидат наградени со златна, сребрена и брон-зена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конку-ренција, оние кои истрчале најбрз круг.свс/лв/

Остани поврзан