• среда, 27 ноември 2024

На Ќафасан откриен шверц на стока од околу 10.000 евра кај албански државјани

На Ќафасан откриен шверц на стока од околу 10.000 евра кај албански државјани
Струга, 29 јануари 2022 (МИА) – При контрола на граничниот премин Ќафасан во возило кај албански државјани биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра без соодветна документација, соопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски појасни дека стоката е пронајдена вчера во 10 часот и 5 минути на излез од државата во возило „Мерцедес“ со албански национални ознаки. - На граничниот премин „Ќафасан“ на излез од државата, по претходно спроведени активности од страна на Одделението за прекуграничен криминал - Струга при Регионален центар за гранични работи Запад, извршена е контрола на патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки. Возилото е управувано од А.С. (55), а совозач бил А.М.(47), двајцата албански државјани. Притоа, во возилото биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра, без соодветна документација, изјави Димоски. Лицата и производите, додаде, се предадени на царински службеници за понатамошна постапка согласно чл.263 од Царинскиот закон. сс/вј/

Остани поврзан