• среда, 25 декември 2024

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ дводневна Еразмус конференција

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ дводневна Еразмус конференција
Штип, 29 септември 2022 (МИА) - На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип почна дводневна Еразмус конференција, каде сите студенти можат да добијат информации за тековниот конкурс. Новата програма е повеќе дигитална, и целта на конференцијата е да се објасни процесот за аплицирање и за пополнување на договорите. Сања Максимова, Еразмус плус координатор на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип вели дека студентите ќе можат директно да ги видат целиот процес и да се вмрежуваат со другите еразмус плус студенти со цел да дознаат повеќе од нивното лично искуство. - УГД учествува во оваа програма од 2014 година, повеќе од 400 стуендти од нашиот универзитет заминале на Еразмус размена, секоја година околу 40 странски студенти престојуваат на УГД, а учествуваат и професорите и сите вработени на УГД за кратките еразмус плус мобилности. Денешната конференција е почеток на оваа дигитална програма, бидејќи од наредниот семестар секој студент индивидуално ќе ги бара преддметите, ќе го реализира процесот, кој целосно ќе е дигитален. Тоа ќе им овозможи на студентите и да имаат контрола на целата мобилносгт, како и начинот на полагање и признавање на испитите, вели Максимова. Александар Богоевски претставник од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилнсот вели дека Ова е заеднички настан со претставници од WBAA, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои се активни во програмата Еразмус плус и воедно со претставници од Еразмус студентската мрежа. Посочи дека прават заеднички настан, каде ќе се приклучат и нивни колеги од Еразмус канцелариите од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Целта е промоција на програмата Еразмус плус, приоритетите на програмата,и информирање на студентите , наставниот и административниот кадар за можностите кои ги нуди оваа програма во делот на високото образование. - Задоволни сме и од соработката со Универзитетот „Гоце Делчев“. Имаме статистики и анализи, кои покажуваат дека повеќе од еден милион евра се доделени преку УГД, повеќе од 450 студенти веќе реализирале одредени мобилности во 33 држави кои се активни чинители во Еразмус плус програмата. Воопшто интересот на студентите се зголемува, и важно е да се каже дека 80 отсто од студентите кои биле на Еразмус мобилност и завршиле додипломски студии, се вработиле во првите шест месеци по дипломирањето. Исто така, 91 отсто од студентите би ја препорачале програмата на други свои колеги, така што имаме позитивен импакт и очекуваме тој да расте во периодот пред нас, вели Богоевски. Конкурсот за Еразмус плус мобилност за оваа година е во тек, а можност да остварат мобилност имаат 30 студенти од УГД - Штип. вдј/дма/  

Остани поврзан