• недела, 28 јули 2024

На хиподромот во Маџари викендов коњички турнири од Државното првенство и куп натпревари

На хиподромот во Маџари викендов коњички турнири од Државното првенство и куп натпревари
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) – Во организација на клубот Илинден и Федерацијата за коњички спортови, викендов на хиподромот во Маџари ќе се одржат коњички турнири и натпревари во прескокнување пречки. Натпреварите ќе почнуваат во 11 часот утре и в недела со Прв и Втор ноемвриски коњички турнир. На програмата за финалното коло од Државното првенство се пет натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц , Д и дебитанти со висина на пречките од 1 меатр, 1,2 и 1,4 м. Во рамките на националниот Куп се четири натпревари во прескокнување на пречки во класи: А, Б, Ц и дебитанти со висина на пречките од 1,05 - 1.20/1.40m. зс/

Остани поврзан