На Фиџи има куќа изградена специјално за кралицата
- Остатоците на нејзината посета се гледаат и денес. Селските челници велат дека згради на островот биле надградени пред нејзината посета и оти една куќа била изградена специјално за неа.

Сува, 9 септември 2022 (МИА) - Островот Бау се наоѓа веднаш до главното копно на Република Фиџи - Вити Леву. Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип го посетиле во 1982 година, во рамки од турнејата во Јужен Пацифик, кога Игрите на Комонвелтот се одржале во Австралија.
Кога кралицата Елизабета Втора пристигнала на островот во 1982 година, селските челници ја пречекале во тишина - знак на почит во тамошната култура. Остатоците на нејзината посета се гледаат и денес. Околните челници велат дека згради на островот биле надградени пред нејзината посета и оти една куќа била изградена специјално за неа.